Претседателот Пендаровски нема да го потпише изборниот законик – Зошто?

Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да го потпише Изборниот законик.

Со новиот изборен законик се бараат потписи од два отсто од избирачите во општината за независни кандидати за да можат да учествуваат на локални избори.

Пендаровски изјавува дека ако во Собранието се донесат овие измени, тој нема да ги потпише, бидејќи не се дава можност за влез на други политички субјекти.

„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до 1%. Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Пендаровски вели дека измени пред избори би потпишал само доколку постои општ консензус за нов, а тоа во моментов не е така.

0 Shares