Погледнете ги официјалните “Рестриктивни” Мерки во Шведска за празниците

Додека во Македонија се затворија угостителите, но да потсетиме дека кладилниците и казината работат без никакво ограничување и функционираат како кафебарови, но сепак се места за хазардни игри, се казнуваат стотици луѓе за неносење маски на улица иако пешачат сами, се ограничува групирањето и на отворени простори, во Шведска ова се најновите рестриктивни мерки, кој секако се препораки а не казниви мерки.

1. Максимум четири лица можат да седат заедно на иста маса во рестораните, но угостителите работат. Важи од 24 декември.
2. Продажбата на алкохол нема по 20 часот. Важи од 24 декември.
3. Максималниот број на луѓе кои посетуваат трговски центри, поголеми продавници, спортски сали, итн. Е ограничен. Точниот број се регулира според големината на просторијата.
4. Агенцијата за јавно здравје на Шведска ги повикува сите физички продавници да се воздржат од традиционалната продажба по Божиќ, со цел да се намали метежот. Ова е повик, не е казниво.
5. Агенцијата за јавно здравје на Шведска препорачува маски за лице во јавниот превоз во врска со патувањето на работа и во други периоди кога е тешко да се избегне метеж. Новите упатства ќе се применуваат од 7 јануари.
6. Секој што е во можност, треба да работи од дома. Ова се однесува на државата, регионите, општините и приватниот сектор. Важи веднаш и до 24 јануари.
7. Сите активности во рамките на државата, општините и регионите што не се потребни треба да бидат затворени веднаш до 24 јануари. Ова се однесува, на пример, за бањи, спортски сали и музеи.
8. Горните средни училишта ќе користат далечинско образование до 24 јануари.

Официјален извор: krisinformation.se

0 Shares