Почеток на крајот за дизелот – Нова забрана во Германија, овој пат и на автопатот!

Почнаа со првите забрани за возење возила со дизел мотор…

За првпат беше прогласена сообраќајна забрана на автопатот (Autobahn) за валкани дизел мотори во Рур, Германија. На патот А40, на подрачјето во градовите Есен и Гелзенкирхен.

Во наредните денови, може да се очекува дека истата забрана за дизел сообраќај ќе биде проширена и во неколку други градови во Германија. Досега беше забрането да се возат дизел автомобили во градовите, но отсега и на делови од автопатот.

Така, забранетата зона на автомобили со дизел мотори во градот Есен е проширена на дел од автопатот А40 и стапува во сила од 1 јули 2019 година и на неа ќе можат да се возат само дизел возила со стандард Еуро 5 или повеќе, а на 1 октомври 2019 година само дизел моторите Еуро 6 ќе можат да возат во истата зона.

Во Гелсенкирхен, постои зона каде што од 1 јули 2019 може да се возат дизел мотори само со норма Еуро 6. Сепак, ова не е крај на забраните, бидејќи се очекува во наредните денови истата забрана во сообраќајот за дизелашите да се прошири и на неколку други градови во Германија.

Така на пример, во градот Штутгарт во некои зони (Umweltzone) сообраќајот ќе биде забранет за сите дизел мотори со норма Еуро 4 или пониска, и тоа во 2019 година. Казната за непочитување на забраната во Штутгарт изнесува 80 евра.

Во Хамбург, возачите на дизел со норма Еуро 6 можат да возат само во одредени зони, а казната за непослушност изнесува 20 евра. Баден-Виртемберг пак поставува ограничување на стандардот Eуро 5. Сосема е сигурно дека сите градови како што се Берлин, Минхен, Дизелдорф, Ахен, Франкфурт, и многу други во Германија ќе формираат еколошка зона.

“Дизелот е мртов, да живее дизелот!“

31 Shares