По престанувањето со пушење, на срцето му се потребни 15 години за да се опорави

Пет години по прекинот на пушењето, ризикот од срцеви заболувања е намален за 38 проценти

Поранешните пушачи ќе мора да чекаат 15 години за ризикот од срцеви и мозочни заболувања да се врати на ниво како кај непушачите, според една нова студија спроведена на Универзитетот Вандербилт во Америка.

По анализата на податоците собрани од 8700 луѓе во текот на 50 години, научниците дознале колку време е потребно телото на пушачот целосно да се опорави.
Според шефот на студијата, ова е добра вест, бидејќи срцето и крвните садови се опоравуваат побрзо од белите дробови.

Срцевите заболувања сеуште се водечка причина за смртност во светот, а главниот фактор е честото пушење. Добрата вест е дека пушењето “излезе од мода” по 1990 година кога премногу се пишуваше за штетите и навиките.

За да добие најточни резултати, експертскиот тим собираше податоци од студијата спроведена од 1948 до 1975 година и вклучуваше две генерации луѓе од кои ½ беа пушачи.

Шефот на студијата како тешки пушачи ги издвои оние што пушат една кутија на ден дваесет години, а во студијата се забележува дека 70 отсто од срцевиот удар оди кај тешките пушачи.

По 5 години престанување со пушење, ризикот од мозочен удар се намалил за 38 проценти. Но, потребни се 16 години за нивниот кардиоваскуларен систем да се врати на ниво пред да почнат да пушат.

За луѓето кои многу години пушат, состојбата во циркулаторниот систем никогаш не може да биде целосно нормализирана, но важно е да се запамети дека ризикот од болеста значително се намалува ако навремено се откажат од пушењето.

6 Shares