Пивото докажано ги намалува непријатните симптоми на менопаузата

Умерената конзумација на овој омилен ферментиран пијалак има многу позитивни ефекти врз здравјето, меѓу кои најчесто се истакнуваат корисни ефекти врз здравјето на срцето и крвните садови, благиот анксиолитички ефект и долговечноста.

Се верува дека корисни ефекти од пивото се добиваат од многуте молекули кои овој милениумски ценет пијалак ги содржи природно – од ниски концентрации на алкохол и високи витамини и минерали, до влакна и бројни хербални соединенија, вклучувајќи ја и богатата содржина на полифенол.

Со пиво во минатото се лечеле многу женски проблеми

Иако пивото првенствено се смета за “машки пијалак”, неодамнешните студии покажуваат дека жените се повеќе го пијат, а се повеќе и повеќе жени се вклучени и во бизнисите со пиво. Исто така, народната медицин, пивото го препишуваше за некои типични женски проблеми, како што е циститис или за стимулирање на лактацијата во доењето, кое неодамна беше насочено кон безалкохолното пиво.

Во текот на изминатите две децении, неколку студии покажаа дека има позитивни ефекти на пиењето полифеноли врз проблемите кои се поврзани со менопаузата – остеопороза, кардиоваскуларен ризик и вазомоторни симптоми (топлотни бранови, црвенило на лицето и ноќни потења).

Намалени симптоми на менопауза, зголемено либидо

Неколку интервенциски студии на модели на животни го проучиле влијанието на конзумацијата на пиво во менопаузата. Двојно слепа, рандомизирана, осумнеделна студија покажа дека еден од полифенолите на хмељ и пиво (8-пренилнарингенин) влијае на намалување на менопаузалните симптоми и непријатности.

Употребата на истата фенолна компонента покажала ефект врз зголемување на либидото кај жените во менопауза.

Полифенолите добиени од јачменов слад и хмељ во слични концентрации се исто така пронајдени во безалкохолното пиво, така што и неговата конзумација ќе обезбеди слични заштитни ефекти кај жените во менопаузата.

Само одговорна и умерена конзумација

Со оглед на сите овие добри нешта, умерената конзумација на пиво се чини дека има корисен ефект врз здравјето и промовира здраво стареење. Треба да се нагласи дека клучниот збор е “умерена”, а се мисли на 3 до 6 дл. пиво дневно за мажи и до 3 дл. дневно за жени. Не е препорачливо пиење алкохол секој ден, а препорачливо е пиво да се пие по оброк и во пријатнао друштво.

Прекумерната конзумација на секаков вид алкохолен пијалок е катастрофална за здравјето на телото, психата и животната средина. Од друга страна, постојат групи кај кои не се препорачува конзумација на алкохол, а тоа се деца, адолесценти, бремени жени, луѓе со ризик од алкохолизам и пациенти со кардиомиопатии, срцеви аритмии, депресија и заболување на црниот дроб и панкреасот.

18 Shares