Пет намирници кои делуваат како афродизијак

Понекогаш е потребно малку повеќе поттик од запалени свеќи и песни од Марвин Геј за да се стимулира сексуалната желба. Ако јадете здраво, тоа ќе се забележи на вашиот изглед и расположение.

Исто така, одредени видови храна може да влијаат на зголемување на сексуалната желба.

1. Кафе

Експертите препорачуваат пиење кафе кое може да биде од голема корист за мажите во борбата против еректилната дисфункција кога станува збор за вознемиреност во врска со сексуалниот однос.

Стресот и напнатоста можат да остават траги на машката психа и се толку важни фактори кои ја спречуваат сексуалната активност. Кафето може да помогне да се ублажат тензиите, да го растера стресот и да ви дозволи “концентрација на работата”.

2. Авокадо

Оваа супер намирница е богата со витамин Е, кој исто така е познат антиоксидант и витамин Б6, кој спречува развој на срцеви заболувања и овозможува полесен проток на крв. Авокадото е богато со незаситени масни киселини кои ја подобруваат функцијата на срцето и сето она што му одговара на срцето и циркулацијата.

Исто така, се вклопува и во вашиот сексуален живот!

3. Бадеми

Бадемите содржат цинк и витамин Е, минерали и витамини кои се, веројатно, добри за сексуалното здравје и репродукцијата. Селенот ќе ви помогне ако ве грижи издржливоста, а витаминот Е ја стимулира циркулацијата.

Цинкот е минерал кој го стимулира ослободувањето на машкиот хормон и го зајакнува либидото.

4. Сусам

Споменавме дека цинкот е добар за сексуалното здравје на мажите. Цинкот, исто така, се наоѓа во познатиот афродизијак кај остригите, но експертите велат дека сусамот е сосема добра замена.

5. Банана

Омиленото жолто овошје содржи бромелаин, ензим кој го подобрува машкото либидо. Бананите, исто така, можат да им помогнат на оние кои не издржуваат на “долги патеки”, бидејќи калиумот и робофлавинот го зголемуваат нивото на енергија и издржливост.

6 Shares