Патарини се плаќаат за добри патишта – Изјави министерот Бочварски

Министерот Бочварски порачува дека патарини се плаќаат за да може да се рехабилитираат постоечките и да се градат нови патишта.

Изјавата на министерот Бочварски пренесена од медиумите наиде на остра критика кај граѓаните, затоа што фактичката состојба на патиштата е катастрофална а тој изјавува зошто се плаќале патарините.

Граѓаните реагираат дека на секој 30тина километри се плаќаат патарини а голем број патишта во земјава се со дупки.

„Патиштата стари, дупките гланц нови Зошто да плаќам патарина?“ – гласи еден коментар на социјалните мрежи.

„Никој не е против плаќање, поентата е дали е потребна патарина на секои 20 до 30 км и како е можно на една патарина да се плаќа 40, а на друга 100 денари“- пишува друг.

„Даноци плаќаме за да имаме функционални патишта. Тендери се објавуваат за да имаме фунцкионални патишта. Патарина плаќаме као арач. 100 ден патарина за 20 км автопат.“ – гласи еден коментар.

Исто така граѓаните со години реагираат затоа што само во Македонија нема опција за купување на годишна карта за патарина, а граѓаните што патуваат секојдневно имаат огромни трошоци за патарина.

0 Shares