Паметните телефони предизвикуваат ментални проблеми кај децата

Апелираме до родителите да го сменат начинот на кој нивните деца го поминуваат слободното време

Научниците сериозно апелираат до родителите, откако открија дека паметните телефони, таблети и други уреди предизвикуваат ментални проблеми кај децата на возраст од две години.

Дури и само еден час што толку мали деца трошат дневно гледајќи цртани филмови или играње игри на паметните телефони, може да доведат до нарушувања како депресија и анксиозност. Кога станува збор за двегодишник, ситуацијата е исклучително сериозна.

Покрај психолошките проблеми, децата кои трошат време на паметни телефони, подоцна развиваат говор, сè помалку се љубопитни, помалку способни да ги завршат задачите, самоконтролата е проблем и има недостаток на самодоверба.

Иако тинејџерите се најмногу изложени на лошото влијание на паметните телефони, оваа студија покажала дека кај децата под 10-годишна возраст е многу веројатно да се почувствуваат последиците. Поточно на нивниот мозок.

Половина од менталните проблеми се развиваат во адолесценција. Важно е да се идентификуваат факторите кои можат да бидат засегнати. Кога сме кај овој случај, апелираме до родителите да го сменат начинот на кој нивните деца го поминуваат слободното време.

Многу е важно да се намали времето кое децата го поминуваат онлајн или пред телевизорот. Малите деца воопшто не треба да имаат контакт со паметни телефони, но постарите (предшколска возраст и адолесценти) не треба да гледаат повеќе од два часа дневно во екраните.

Ако поминуваат повеќе од седум часа дневно на интернет, тие имаат поголема веројатност да страдаат од депресија, отколку нивните врсници кои се најмалку еден час дневно.
Што е уште поопасно од гледањето на интернет содржини или телевизија е социјалното вмрежување.

Прво бевме изненади од оваа најава, но тинејџерите поминуваат повеќе време на телефони поради социјалните мрежи, што е поопасно за менталното здравје отколку гледањето на телевизија или видео на интернет, а тоа е токму она што го гледаат малите деца.

7 Shares