Пајаци во Грција исплеле мрежа од дури илјада метри

Идиличното езеро во северна Грција скоро преку ноќ било трансформирано во филмска сцена од хорорите. Пајаците на езерото Вистониза исплеле мрежа која се протега над илјада метри…

Грците кои одлучија да го поминат викендот во прошетка по езерото Вистониза, навистина ги дочека сцена од хорор филмовите.

Имено, дрвјата, грмушките и ливадите по должината на езерото се целосно прекриени со пајажина, чија големина се проценува на дури илјада метри.

Експертите велат дека за овој редок феномен, “заслужните” пајаци од родот на “Tetragnatha” што дошле на езерото и нагло се размножиле, благодарејќи на невообичаено топлото време за овој дел од годината и поради близина на водата, односно езерото.

Тие, исто така, биле потпомогнати од големиот број на ларви од комарци, кои се користат за да се хранат пајаците, што дополнително ја забрзала нивната репродукција.

Но, ајде да не должиме многу, сами погледнете ги овие фасцинантни, но по малку страшни фотографии.

6 Shares