Оваа неверојатна мешавина ќе ја врати оштетената коса во живот. Дури и офарбана!

Еве маска, која ќе помогне да се зајакне оштетената коса.

Таа е погодна за сите видови на коса, а исто така помага да се намали нејзиното опаѓање и го стимулира растот на косата.

Основна состојка на оваа маска е квасецот. Се применува два пати неделно. За да се опорави оштетената коса, и да се добијат максимални резултати, постапката се повторува во рок од 2 месеци без прекин. Значи, два пати неделно во 2 месеци.

Резултатот од примената на оваа маска не е само со висок квалитет, но исто така е и издржлив!

Маските од квасец одговараат на сите типови на коса, и се неопходни во борбата против опаѓање на косата и за нејзиниот брз раст.

Маска од квасец против опаѓање и зајакнување на тенка и слаба коса:

Потребно е:

– 1 кафена лажица топло млеко
– 1 кафена лажица мед
– 7 гр. сув, или 20 гр. свеж квасец

Припрема:

Во една супена лажица со топло млеко растворете 1 кафена лажица мед или шеќер, додадете 20 гр свеж квасец. Оставете ја на топло место за ферментирање, 15-20 минути.

Нанесете ја добиената мешавина на чиста, влажна коса. Завиткајте ја со најлонска кеса и со крпа. Оставете ја на главата на еден час (можете и подолго, до 2 часа, колку подолго толку подобро), после тоа исперете ја косата со топла вода.

Со помош на оваа маска, габичките од квасецот го зголемуваат количеството на витамини, протеини и минерали неопходни за растење на вашата коса. Хранливите материи се апсорбираат во фоликулите на косата и ја зајакнуваат оштетената коса.

32 Shares