Ова се тајните на сите добри љубовници

СЕКОЈА жена сака да биде добар љубовник за нејзиниот партнер, но повеќето од нив ја прават истата грешка.

Вие не може да очекувате од него сè да прави за вас, исто како што и тој не може да добие баш сè што сака. Треба да најдете средина, за да бидете среќни и задоволни, а во тоа ќе ви помогнат овие седум особини што ги сакаат сите добри љубовници:

1. Иницираат секс

Често ќе слушнете како мажите се жалат на тоа што девојките никогаш не иницираат секс, а тоа е токму она што секој од нив би сакал. Ако постојано му дозволите да започне акција, тој би можел да го разбере тоа како да имате секс само за да му удоволите, а да не уживате воопшто.

2. Не осудувааат

Мажите не сакаат кога жените на било кој предлог да направат нешто ново во креветот ги гледаат како најголеми чудаци. Тоа не значи дека треба да ги задоволите сите негови немирни идеи, но наместо да го осудите, ако не ви се допаѓа, обидете се да му го објасните тоа на пристоен начин.

3. Не се плашат да кажат “не”

Жените кои се подготвени да направат нешто за да го задоволат својот партнер воопшто не се привлечни. Покажете дека имате свој став и слободно да му кажете “не” ако не сакате нешто, бидејќи така веднаш ќе му бидете уште посекси.

4. Сакаат да експериментираат

Спиењето со истиот партнер до крајот на животот звучи за некои застрашувачки, но ако сте спремни за експериментирање, со игрите и малите дневни промени, секако, сексот нема да ви здосадува, напротив вашата врска ќе има корист од тоа.

5. Кажуваат што сакаат

Мажите немаат способност да читаат мисли, и ако очекувате нешто од него, тогаш кажете му јасно и гласно. Ќе бидете посреќни, а и нему ќе му се допадне тоа што сте ја презеле иницијативата.

6. Го возвраќаат задоволството

Изреката вели “око за око, заб за заб”, а исто така е и со сексуалното задоволство. Не можете да очекувате мажот постојано да ве задоволува ако никогаш не му возвраќате и вие.

7. Се сакаат себеси

Секоја жена има проблеми со самодовербата, но креветот не е место каде што ќе ги посочете вашите слабости. Ако не се чувствувате добро тој ден, тогаш прескокнете го сексот, но не се жалете во креветот од болка во стомакот или нозете, бидејќи тоа ја намалува страста, а мажите дури и не забележуваат такви работи.

40 Shares