Опуштете се и престанете да се грижите, на никој сексот не му е секогаш совршен

Сексот може да биде знак на романтична врска, израз на гнев, симбол на моќ, оружје или најблизок однос во кој двајца луѓе можат да се најдат за да постигнат целосно разбирање и емпатија меѓу себе

Сè околу нас, секој аспект од нашата култура, нè потсетува дека сексот е суштината на човековото значење, вели д-р Ерика Шварц, авторка на книгата “The Intimacy Solution: Life Lessons in Sex and Love”.

– Сексот може да значи различни нешта. Тоа може да биде знак на романтична врска, израз на гнев, симбол на моќ, оружје или најблизок однос во кој двајца луѓе можат да се најдат за да постигнат целосно разбирање и емпатија меѓу себе – вели таа. Сексуалноста ја поделила на три најважни компоненти кои ја прават тоа што е.

– Кога влегуваме во пубертет, хормоните на естроген, прогестерон и тестостерон се будат и постануваме сексуални суштества. Сексот потоа ни станува интересен. И во хормоналните промени во подоцнежните години, сексуалноста се менува значително – вели авторката. Друг важен фактор на нашата сексуалност, продолжува, е нашата околина и култура.

– Нашите први сексуални узори се нашите родители. Начинот на кој ја гледаме нивната интимност го дефинира нашето искуство од истата. Медиумите и општеството имаат големо влијание врз нас.

Конечно, важна е и секоја лична вистина, врската на генетиката, искуството на самите себе и нивниот ум и тело, нивната сексуалност и нивната перспектива, вели д-р Ерика Шварц, додавајќи дека честопати не сме свесни за сите овие влијанија.

– Многу пати сум слушнала како луѓето мислат дека сите имаат феноменални сексуални односи секој пат, но тоа не е вистина. Опуштете се и престанете да се грижите. Вашиот сексуален живот е само ваш и не треба да се споредува со другите – советува таа.

Таа, исто така, нагласува дека сексуалноста е еден од најкомплицираните делови од нашиот живот и ние не го разбираме многу добро.

– Сексуалните проблеми на било која возраст не се невообичаени. Има толку многу луѓе со слични проблеми, па затоа никогаш не треба да се срамите, рече д-р Шварц.

Денес, постојат чести реклами за таблети за потенција и слични препарати кои постојано нè потсетуваат дека од нас се очекува да бидеме сексуално активни и во поодминатите години.

– Затоа многу луѓе мислат дека тие се единствените кои немаат секс, но тоа не е точно, се разбира – рече авторката.

6 Shares