Одлучила да има секс секое утро со партнерот цела недела и еве што заклучила!

Секој ден треба да се грижиме за исцрпувачки работи како што се работата, сметките… но исто така можеме да имаме и оргазам. Заклучок број еден: Утринскиот секс е неверојатно енергичен.

Како некој што не е утринска личност да ужива во 20-минутна акција во кревет. Открив, после тие утра како ми е лесно да станам од креветот. Се засилија отчукувањата на моето срце, што е еднакво на започнување на еден ден со краток аеробик тренинг, но многу позабавно од тоа. Заклучокот е ако не сте утрински тип – помалку кафе, повеќе секс!

Мојот партнер и јас го почнувавме денот со големи расположенија.

Всушност, открив дека тие се разиграни за време на подготовката наутро, исто како кога првпат почнавме да живееме заедно. Повеќето денови се туширавме заедно, а не одвоено, и продолживме да се милуваме и кокетираме во текот на утрото додека не се разделиме.

Науката ме поддржува тука: Истражувањата покажуваат како сексот ослободува окситоцин, сензорни хемикалии во нашиот мозок, правејќи да се чувствуваме повеќе весели и поблиски до нашите партнери.

Значи, добивањето на здрава доза на хемикалии е првото нешто наутро, и затоа секој ден сме супер расположени. Но, заклучокот е дека нашиот утрински ритуал не беше магичен противотров за да се прекинат сите жалби. Имаше уште моменти во текот на неделата кога еден од нас беше со иритирачко расположение.

Живееме заедно и ние сме луѓе. Но, и двајцата признаваме дека раните утрински интимности ни дадоа повеќе чувство на меѓусебна поврзаност како поминуваа деновите.

Признавам дека тоа беа два дена во текот на неделата кога бев во искушение да го преспијам сексот. Имав едно посебно рано утро и една посебно доцна вечер, а дополнителните 20 минути сон ми звучеа одлично.

Сепак, ние не го прескокнувавме сексот тие две утра, и откако го потиснав заморот, бев многу среќна што го сторив тоа. Помислив: “Зошто наместо да спијам, да не го сторам ова?“

13 Shares