Одличен трик за омекнување на постелнината: Додадете само два производи во машината зе перење

На почетокот на есента и со доаѓањето на постудено време, или од пролет во лето секогаш е време да ја смените постелнината од лесни чаршафи во малку подебели јоргани и ќебиња или пак од подебели во по тенка и лесна постелнина.

Бидејќи таа постелнина стои во плакарот во текот на минатата сезона, таа веројатно го изгуби оригиналниот изглед и сјај.

Сепак, една мајка на својот профил на „ТикТок“ сподели како природно да ја омекне постелнината и да ја врати нејзината боја.

Првото нешто што треба да направите е да ја исперете постелнината во машината за перење со мешање на детергент за алишта со половина чаша сода бикарбона.

Потоа ставете половина чаша бел оцет наместо омекнувач и вклучете го нормалното миење. Сода бикарбоната природно осветлува и дава свеж мирис, додека белиот оцет ја омекнува постелнината.

Се надеваме на успех во овој трик кој ќе даде на постелнината свежина за целата наредна сезона.

1 Shares