Нови трендови во сексот што не треба да се пропуштат

Новите ветрови се раздуваа и понекогаш чудните работи станаа мејнстрим… па ајде да видиме што нè чека

Сексот во последно време доста се смени, барем нанадвор – новите ветрови се раздуваа, а понекогаш и чудните работи станаа мејнстрим… па ајде да видиме што нè чека нас:

Бракот е во “аут“ – Бракот не е за секого, а има многу од оние кои едноставно не сакаат живот во двојка. Жените денес станаа многу повознемирени и се чувствуваат малку под притисок од околината кога ќе изберат да го минат својот живот надвор од бракот.

Нови играчки – Една од иновациите е клиторалниот стимулатор без допир кој користи воздушен притисок за возбудување, но исто така и импулси за стимулирање на целиот клиторис (не само делот што можеме да го видиме и допреме). Им овозможува на жените да постигнат брз оргазам.

Сексуална револуција – После филмот “50 нијанси сиво“ луѓето сакаат колку што е можно повеќе сексуални играчки и облека и стануваат поотворени и нереални.

Сексуално здравје – Денес жените имаат можност да се информираат и да се грижат за своето сексуално здравје повеќе од кога било досега. Сите теми се достапни за јавноста. Жени, грижете се за вашето либидо!

Свингер лулашка – Не, не станува збор за свингерски забави, туку вистински лулашки. Двојките сè повеќе експериментираат со нови секс пози и како апсолутен хит е прикажана позата на Свингер лулашка, која гарантира вистински гравитациски секс.

5 Shares