Нечистотиите во WC школката можат брзо и лесно да се исчистат со еден производ од кујната

Лорен, мајка од Австралија и член на група на Фејсбук, сподели одличен трик за чистење на тоалетот .

Особено за сите оние кои избегнуваат да користат силни хемикалии.

Како што покажа со својот пример, тврдоглавите дамки од тоалетната школка може да се исчистат со помош на само еден производ што вообичаено се користи во домакинството, а во исто време е многу ефтин – лимонска киселина, пренесува Дејли Меил.

“Мразам да го чистам тоалетот. Околу 25 грама лимонска киселина оставени во тоалетот девет часа ќе ја решат целата работа.

Најтешкиот дел од процесот е да бидете сигурни дека никој нема да го користат тоалетот тие девет часа.

“Користев средство за чистење, но ова е поевтино и подобро“, напишала Лорен во својот пост.

Некои беа воодушевени од откритието, а некои во коментарите напишаа дека со години практикуваат чистење со оваа состојка.

“Го користам и за тоалет, но и за заедничко чистење со децата затоа што нема хемикалии”, коментира една мајка, а друга додава: “Лимонската киселина е најдобра! Одлична за тоалети”.

0 Shares