Не треба да преговараме со Бугарија, туку со Приватните болници кои наплаќаат по 12.000еу на болни од Ковид-19 | Зошто Државата молчи |

Министерот за Здравство Венко Филипче, денес на пресконференција информираше дека состојбата со болните од ковид-19 е алармантна.

Еве, и Југослав кој очајно бараше помош од околу 9000 евра за да живее – почина (сочувство до фамилијата) – жално. Ова не инспирираше и на овој текст.

Слободни кревети веќе нема, а болни се повеќе. И додека ние како држава се бориме “лавовски” за почнување на преговори за влез во Европската Унија и преговараме со сите што се инволвирани во таа проблематика, овде, на домашен терен луѓето ни умираат.

Дома, чиниме, имаме повеќе од ОГРОМНИ причини да преговараме, како на пример еве една идеја, преговори со приватните големи болници како Систина, Жан Митрев и други, и помали кои имаат болнички капацитети за згрижување на пациенти, не ги набројуваме туку едноставно – СО СИТЕ!

Целта би била, згрижување на пациентите кои се критични и со влошени состојби поради ковид-19, па и без корона вирусот туку од други разни болести кои пациенти се запоставени поради хаосот со корона вирусот ковид-19.

Тука, можеби ќе победиме како држава (народ, затоа што нели, државата е народот впрочем), затоа што, Европска унија не ни бега, овде е, ќе биде овде уште векови (претпоставуваме), а и да избега, не би било толку страшно. Но, луѓето не се враќаат.

Приватните болници, ја имаат опремата, и што е најважно обучениот кадар од кој голем дел се обучени и со искуство добиено од државните болници, платено со народни пари, сепак ако не директно, индиректно државата има дел (акции) невидлив во тие приватни болници (ова е важно да се има на ум, да не се прескокнува).

Го разбираме капитализамот, да, ако имаш пари ќе се лечиш, и многумина ќе речат “тој е приватен и има право да си наплаќа”, ние овака ќе кажеме на тоа: Во време на пандемија, не дај боже војна, или природна масовна катастрофа, ништо не е приватно, се е државно! Сурово, да, но постарите прашајте ги, ќе ви кажат, државата е моќ, државата е народот, тоа е тоа и за тоа не се преговара.

Да беше Кина, Индија или некој држави, да, се ќе беше државно преку ноќ, а кога би завршило се, би се обештетиле и повторно ќе биде приватно.

Нејсе, голем дел од приватниот сектор секојдневно со изјави по медиумите, чиниме повеќе е маркетинг од колку искрена загриженост за заразените од ковид-19, но само 9мина изразија пред неколку дена од приватното да помогнат во државното здравство.

А по медиумите се јавија стотици во овие 7-8 месеца, и замислете, “СИТЕ БЕА ЗАГРИЖЕНИ” за состојбата!

Да ги потсетиме на Лекарската заклетва, која во ниту една реченица не вели, “наплати па лечи”.

Сподели го ова со пријателите на социјалните мрежи, секако, да имаат на ум како се состојбите со државно/приватно здравство. Затоа што кога се ова ќе помине, најверојатно ќе почнеме да си го цениме НАШЕТО ЗДРАВСТВО – ДРЖАВНОТО, какво и да е, наше е, и еве, се покажува на дело, од илјадници вработени кои се борат како ЛАВОВИ со корона вирусот, неколкумина не издржаа па преминаа во приватното.

СЕПАК чиниме ова да беше во приватното здравство- ќе изгубеа 90% од персоналот таму, а нашето здравство-државното УШТЕ СЕ БОРИ ЛАВОВСКИ – И НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ БОРИ И ПОСЛЕ КОРОНАТА ДА ДОЈДЕ И ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, ПАК ЌЕ СЕ БОРИ…

ГОЛЕМ ПОЗДРАВ, ИСКРЕН ПОЗДРАВ, ОД СРЦЕ ПОЗДРАВ ДО ДРЖАВНОТО ЗДРАВСТВО – КАКВО И ДА Е – НАЈДОБРО Е ! СЕ БОРИ 24/7/365… БРАВО !!!

Се оградуваме од политички коментари, размислувања и толкувања на овој текст. Текстот не е напишан од политички мотиви, makedonija24.com нема категорија за политика, секој текст е известување, секоја студија напишана од релевантни светски извори е подржана со “извор”. А овој текст е збир од размислувања на реални граѓани кој живеат и работат во С.Македонија, дел од нив заразени со ковид-19, дел потенцијални.

228 Shares