Не е важно што јадеме, важно е во колку саатот го правиме тоа

Веројатно често пати ви се случило да останете подолго на работа, и кога се враќате дома после 19 часот, веднаш започнувате да подготвувате вечера, што значи дека ќе јадете после 20 часот, а често пати и после 21 или 22 часот.

Ако малку подолго останете будни, сигурно ќе ве фати она Американците што го нарекуваат ‘Midnight Snack’, односно полноќна закуска, која обично се однесува на нешто што ни дава удобност како бисквити и млеко или сендвичи.

Но, научниците тврдат дека ваквите навики го зголемуваат ризикот од висок крвен притисок, дебелина и дијабетес.

Појадок

Значи, кога треба да јадете? Што се однесува до појадокот, треба да се јаде по половина час откако ќе се пробудите. Знаеме дека понекогаш е тешко да се направи тоа поради брзање, но имајте на ум дека со тоа спречувате замор и спречувате внес на храна што е богата со шеќер, калории а сиромашна со хранливи вредности.

Наместо кофеин и кроасани, подобро е да направите шејк од банана и протеини од коноп кои ќе ве задржат до пладне, а за тоа ви требаат само 5 минути за да го направите и да го испиете. Можете дури и да го носите на работа, и така е практичен за конзумација.

Ручек

Кога станува збор за ручекот, идеално време би било за да ручате 5 часа после појадокот. Истражувањата покажаа дека идеалниот појадок треба да биде во 7.11 часот а ручекот во 12.38 часот, но во секојдневниот живот тоа невозможно е да се практикува, особено точно до минутата, но барем имајте на ум дека појадокот и ручекот треба да бидат помеѓу 5 часа.

Нутриционистите велат дека тајмингот е клучен за губење на тежината.

Вечера

Одењето со полн стомак во кревет е најлошото нешто што можете да го направите за вашето здравје и телесната тежина. Доцните оброци не само што го стимулираат зголемувањето на телесната тежина, но преголем внес на калории дава до зголемена активност на панкреасот, односно екскреција на инсулин, што е причина за нарушување на спиењето.

Се чини дека топ-моделите, кои се фалат како со години не јадат после 19 часот, се чини биле во право, бидејќи истиот заклучок беше направен од научници кои тврдат дека 17.30ч е идеално време да се оди во теретан, бидејќи телото потоа ги согорува калориите најбрзо, додека вечерата е потребна пред 20ч.

17 Shares