Најдобрите 10 јадења во светот!

Прочитајте кои 10 јадења се наоѓаат на топ листата која ја одбравме за вас

Храната е сигурно една од најголемите стимуланси за да се оди на некое патување, истражување на егзотични и далечни места. А која храна е највкусна? Истражувавме и најдовме листа на 10 јадења, угледно рангирана и според неа, најдобрата храна што ја создал човештвото.

1. Кари Масаман, Тајланд

Карито Масаман се служи во Тајланд и има сè што треба да има еден кари: добро е зачинет, вкусен е, со додаток на кокос. А оваа храна во Тајланд се продава на секој агол.

2. Пица Наполитана, Италија

Најдобрата пица се уште е онаа од Неапол, благодарение на висококвалитетните состојки што таа ги содржи. Морска сол, квалитетно пченично брашно, исклучиво свеж домат, маслиново масло, босилек, рачно изработено тесто и печка за леб се потребни за нејзина подготовка.

3. Чоколадо, Мексико

Го има во секоја продавница, но она оригиналното, од Мексико, сепак е нешто друго. Маите го пиеле, а подоцна се проширило во светот, и од течноста станала солиден производ во кој сите уживаме. А можете и да купите мексиканско чоколадо кај нас.

4. Суши, Јапонија

Традиционално јапонско јадење, кое до 17. век, сосема поинаку се подготвувало отколку денес. Илјадници години тоа било ферментирана риба со ориз, која се конзервирала со сол, а меѓу 17 и 19 век почнал да ја развива својата сегашна форма. Во Јапонија, тоа е едноставно јадење од ориз зачинето со оцет и еден вид на зеленчук или риба, а денес се служи и како брза храна.

5. Пекиншка патка, Кина

Полека печена во рерна, крцкава и полеана со малтозен сируп, а се послужува со палачинки, кромид и хоисин сос, соја, лук и чили, или во сладок сос од грав.

6. Хамбургер, Германија

Треба ли нешто да се каже за овој сендвич во тркалезно пециво чија главна состојка е месото? Можете да го прилагодите видот на месото по ваш вкус, како и додатоци од зеленчук и сосови.

7. Пенанг асам лакса, Малезија

Едно од најпопуларните јадења во Малезија, зачинето-кисела основа на риба со тестенини, чили, нане, лимонска трева, кромид, ананас, ѓумбир…

8. Том јум гунг, Тајланд

Ракчиња, печурки, домати, лимонска трева, лисја од кафир лимета и галангал, обично со многу кокосово млеко и павлака, ја прават оваа специфична тајландска супа која ги содржи сите вкусови: кисело, солено, луто и слатко.

9. Сладолед, глобално

Во секоја продавница, во секоја слаткарница, а за среќа, го има насекаде. Иако радо би изеле секаков вид на сладолед, сепак ни е поубав оној од домашните состојки, а не од готовите смеси.

10. Пилешка муамба, Габон

Пилешко, луто чили, лук, домат, сол, бибер и бамја со многу путер, се главните состојки на овој посебен оброк.

10 Shares