На сите Здравствени работници им се забранува користење на годишен одмор, НО и да се Разболат

Во наредбата испратена до сите здравствени установи ви државата после одлуката на Владата стојат мерки за мобилизација на здраствените работници.

Во одлуката на сите здравствени работници им се забранува годишен одмор, платени и неплатени отсуства но на сите медицински лица од Клинички им било кажано дека им е забрането и користење на боледување.

Одлуката е објавена во Службен весник, објави телевизија Сител. Каде што се наведуваат дека им било кажано на вработените на Клинички центар дека и старите одмори, боледувањата и отсуствата се прекинати, а доболнително ќе им бидат зголемени дежурствата.

Исто така според одлуката на владата се стопираат специјализациите и субспецијализациите на сите вработени во Здравствен дом Скопје и истите да се вратат на своите работни места.

По реакцијата на околу 250 приватни специјализанти дека немаат здравствено осигурување, а треба да лекуваат ковид пациенти министерот за здравство изјави дека ќе иницирале законски измени за да се реши овој проблем.

6 Shares