На повидок почетокот на крајот на пандемијата? Филипче: Пикот помина пред 1 недела, бројките стабилизирани

Од анализите на бројките и трендовите може да се забележи дека епидемијата со Ковид-19 го достигна пикот пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани, се на ниво на едно плато и тоа ни укажува дека R0 факторот на преносливот е 1.

Позитивно е што бројот на активни случаи се стабилизира, нешто што исто така се регистрира и во Европа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– За секој еден од нас е ризик, мерките мора да се почитуваат. Очигледно е дека даваат резултати. Го немаме веќе оној нагл пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок кон болниците како што беше пред неколку недели. Тој притисок се уште постои, но не со таков интензитет, потенцира Филипче.

22 Shares