На 64 години позираше само во долна облека, но овој нејзин потег има оправдана и значајна причина

Мелани Грифит се приклучи на кампања за собирање средства во месецот за информирање за рак на дојка, а многу нејзини обожаватели се согласуваат дека изгледа одлично и на 64 години.

Холивудската актерка Мелани Грифит се облече во розова долна облека за да привлече внимание кон ракот на дојка, кој се повеќе ги погодува жените во светот, а нејзините обожаватели се согласија дека славната убавица изгледа одлично на 64 години.

Грифит ја врза косата во пешкир и во розови гаќички и градник ги покани своите 513 000 следбеници на Инстаграм да поддржат кампања за собирање средства во месецот на борба против ракот на дојка.

Самата актерка се соочи со страшна болест пред две години. Лекарите хируршки извадиле група на малигни клетки од нејзиниот нос, а Мелани тогаш рекла дека била подложена на ужасна процедура.

“Ужасно е кога ќе сфатиш дека твојата кариера зависи од изгледот на твоето лице, но тогаш сфатив дека треба само да ставам фластер и дека сè ќе биде добро. Само изгледав смешно”, рече тогаш Грифит.

Славната актерка се соочи со уште една страшна вест пред девет години кога лекарите и дијагностицираа епилепсија.

Таа беше на Канскиот филмски фестивал и претрпе две елиптични напади за време на јахта. Подоцна во интервјуата таа зборуваше за тоа колку добро се справува со болеста и им е благодарна на лекарите кои ја спасија.

3 Shares