Најдобри пијалоци за да се освежите во летната жештина

За време на голема топлина, исклучително е важно да внесувате доволно течности за да не дехидрирате. Покрај вода, некои други пијалоци можат да ви помогнат да се освежите.

Минерална вода со вкус

Минералната вода за многумина е повкусна од обичната, а денес има голем број минерални води со вкус што можат да бидат вистинско освежување. Но, не заборавајте да ги проверите состојките и да ги избегнувате оние со премногу додаден шеќер. Покрај тоа, можете да купите обична минерална вода и да додадете сок од лимон или екстракт од ванила во неа.

Леден чај

Чаевите се здрави и можат да помогнат при хидратација, а содржат и големи количини на антиоксиданти. Но, во текот на летото е тешко да се пие топла вода, па затоа за време на топлината подобро е да изберете ладен чај, само избегнувајте додавање премногу шеќер.

Спортски пијалоци

За да се освежите, изберете пијалоци наменети за спортисти, само внимавајте да не ги земате оние пијалоци со висока содржина на шеќер. Побарајте вид што е богат со електролити што ќе ве заштити од дехидрирање.

Кафе

Ако внесете премногу кофеин, тој ќе делува како диуретик. За да имате таков ефект, не треба да пиете пет шолји кафе на ден. Но, умерените количини можат да бидат освежувачки.

Сокови од зеленчук

Соковите од зеленчук се поздрава опција од овошните сокови, и дефинитивно ќе ви помогнат да останете хидрирани. Ако не сакате сокови од зеленчук, можете да јадете зеленчук што содржи големи количини на вода, како краставици, пиперки, зелена салата и целер.

0 Shares