МВР: АПЕЛ (видео) – Не наседнувајте на Телефонски измами | Еве што прават измамниците

Слично како и во Бугарија, измамници во Македонија дејствуваат со иста шема.

„Начинот на измама e со телефонско јавување на измамниците кај постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор”, информираат од МВР.

Измамниците исто така се служат со лаги дека разговараат со детето на жртвата и бараат за кратко време да добијат пари за помош на детето.

МВР апелира да се пријавуваат измамниците на телефонскиот број 192, нивните телефонски броеви за да се сузбијат и пронајдат.

2 Shares