Можеби сте во врска со социопат, а да не знаете за тоа: Дали вашиот партнер се однесува вака?

Ако нешто не е по негово и егото не му е нахрането, тоа може да предизвика незамислива штета

Луѓето често го користат терминот социопат кога сакаат да опишат некој што не го сакаат, но ретко разбираат што значи тоа. Социопатите имаат форма на антисоцијално растројство на личноста, и како резултат на тоа, не можат да проценат што е исправно, а што не, и не се грижат премногу за чувствата на другите луѓе.

Истражувањата покажаа дека еден од 25 луѓе имаат знаци на социопатија, така што има добри шанси да имате работа со некој таков – дури и ако е шармантен и харизматичен. Австралискиот психолог Марни Лишман за “Дејли Мејл” посочи на очигледни знаци дека вашиот партнер е социопат.

Шармантен е и друштвен

Социопатите може да изгледаат нормално, дури и го сакаат друштвото на другите луѓе, но всушност прават несвесно зло и неправда. Тие се обично шармантни и успешни, но длабоко во себе чувствуваат срам и вина. Тие се особено вешти во шармирање и давање комплименти и секогаш знаат што да кажат за да ги засакаат луѓето.

Не внимава на вашите чувства

На почетокот на врската социопатот е воодушевена и пријателски настроен и лесно се поигрува со лице со високо ниво на емпатија. Меѓутоа, кога не го добиваат она што го сакаат, тие несвесно манипулираат и дејствуваат сурово. Тие немаат морал и се подготвени да направат било што за да го добијат она што го сакаат, а тоа може да ги збуни луѓето.

Тој е одличен измамник

Тенденцијата за манипулација и контрола е најочигледна карактеристика на социопатот. Тој лаже да се заштити, но и да создаде чувство на вина од другата страна. Ако го предизвикате за нешто, тој зазема одбранбен став.

Тешко ја задржува работата

Бидејќи тие имаат антисоцијални елементи во однесувањето, социопатите може да имаат големи проблеми на работа. Ова во крајна линија има разурнувачки ефект врз заедницата, бидејќи социопатот не покажува почит кон колегите, нема сочувство и затоа е тешко да се доближи до луѓето.

Исто така, наместо за групни цели, тој повеќе ќе се бори за својот успех, и кога нешто ќе тргне наопаку, тој е наклонет да ги обвинува другите за неуспехот и кршењето на правилата.

Може ли вас да ве уништи социопатот?

Врската со некој што покажува антисоцијални особини може да биде проблематична поради повеќе причини. Ако нешто не е по негово и егото не му е нахрането, тоа може да предизвика незамислива штета.

Во зависност од нивото на социопатија, штетата може да вклучи промискуитетно однесување, но и физичко, емоционално и финансиско нарушување на долгорочните планови само за да се одмазди. Социопатите имаат ментално растројство и им е потребна помош, но тие ретко ја бараат, бидејќи сметаат дека не им е потребна.

11 Shares