Многу жени би се откажале дури и од секс поради оваа работа!

Момци, сфатете го сето ова многу сериозно!

За долго време се сметаше дека убавата коса го зголемува нивото на самодоверба, а неодамнешното истражување покажа дека чувството дека вашата коса изгледа одлично тој ден и дека имате добра фризура носи дополнителни емоционални и ментални придобивки.

Убавата коса кај жените е поврзана со чувство на социјално влијание и моќ, физичка сила и ментална еластичност. Ова се резултатите на професорката Маријана ЛаФранс, научник од Одделот за психологија на Универзитетот Јеил, која, во соработка со П & Г, спроведе долгогодишно истражување за психолошкото влијание што го имаат убавата коса и добрите фризури врз жените.

Студијата опфати 3.000 жени на возраст меѓу 18 и 35 години, од 10 земји, од три различни континенти.

Истражувањето, меѓу другото, открило дека жените кои се грижат за здрав начин на живот имаат подобро мислење за состојбата и убавината на косата.

Вежбање, диета и квалитетен сон, социјална активност и време за одмор донесуваат поголемо задоволство на косата. И обратно, додека стресот е зголемен, задоволството од изгледот на косата е помало.

„Добриот ден на косата“ е поврзан со чувство на поголема продуктивност, помала подложност на стрес, поголема еластичност, влијание во општеството, физичка сила и чувство на сигурност дека жените ги држат конците во своите раце.

Притоа, чувството за социјално влијание и физичката сила се најсилните индикатори за тоа колку е важно да се чувствувате добро со вашата коса. На глобално ниво, убавата коса ќе ја поттикне жената барем двојно повеќе отколку да медитира, да посетува терапевт или да вежба јога.

Косата има поголемо влијание врз тоа жените да се чувствуваат силно во споредба со чувството што им го дава убавата облека, чистата кожа и добрата шминка.

А, колку е важна фризурата за жените (момци, сфатете го сето ова многу сериозно) најдобро сведочат следниве податоци:

  • 44% од жените повеќе би сакале да имаат убава коса еден месец отколку да јадат во ресторани
  • 40% од жените за убава коса би се откажале од уживање во десерт за еден месец
  • 1/3 од жените би се откажале од својата омилена храна за само еден месец уживање во убава коса
  • ~ 1/3 жени за убава коса би се откажале од секс еден месец

Кога станува збор за спиење и чиста кожа, жените се најмалку склони да се откажат од неа во замена за убава коса
жените би замениле еден месец чиста кожа (7%), сон (7%), мобилен телефон (15) за убава коса

4 Shares