Медицинските сестри по 12 часа за 19.000ден плата | Филипче: Ќе добијат награда само тие што работат со Ковид пациенти

Масовни поплаки на средниот медицински персонал низ државава за условите, платата и начинот на кој тие се третирани од работодавецот, т.е. Министерството за здравство.

Средниот медицински персонал значат сестрите низ болниците и здравствените установи во државава, како најбројни тие ја завршуваат скоро целата работа. Се почести се поплаките од страна на медицинските сестри кон нивниот работодавец, Министерството за здравство, затоа што како што велат тие некој од нив работат за 19.000 ден плата, не добиваат никакви додатоци, не им се платени дежурствата како што се платени на докторите а впрочем се истите работни саати и тие се заедно на работа, но пари има само за докторите.

Немаме низок персонал во третите смени кој што се по 12 часа и не преоптоваруваат нас медицинските сестри и со чистење, а и колку е тоа правилно затоа што сме во близок контакт со болните пациенти а имаме задача и да чистиме, велат дел од сестрите.

Оваа плата од 19.000 денари е потценувачка за професијата, одговорноста која ја имаме, стручноста која се бара од нас, прецизноста и педантноста, исто така обврските при работата се огромни затоа што кај нас една медицинска сестра работи работа за три медицински сестри и затоа често и пациентите не се задоволни, но нема кадар велат тие, и сме приморани.

За разлика од европските држави каде просекот на медицински сестри по пациент е 3 до 4 пати поголем од колку во Македонија.

И проблемот не е поради пандемијата со корона вирусот, и пред пандемијата ситуацијата беше иста, дури и полоша. Затоа што сега им требаме на сите и ќе наградуваат. Но министерот кажа дека ќе бидат наградени само тие што работат директно со ковид-19 пациенти, без да се има во предвид дека целиот тој кадар што е повлечен во ковид центрите, некои други сестри го заменуваат и ја вршат работата во другите одделенија работејќи без одмор по 12 часа, исто така со пациенти за кои не се знае дали имаат ковид или не се додека не дојдат резултатите.

Операции се прават и на ковид-19 позитивни и работиме со нив на сите други одделенија иако не сме ковид центар, а наградата најавена само за ковид-сестрите. Но, во ред, заслужуваат колешките- вели сестра на социјалните мрежи.

Од Миниесерството за здравство објавија дека наградата ќе биде еднократна за 2 месеци, 20% од основната плата за доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници – болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош ќе добијат награда.

5 Shares