Маратонски Секс? Мит или Вистина?

Се чини дека другите луѓе не можат да издржат во кревет онолку долго колку што сите мислиме дека можат.

Ова се прашањата што со векови ги мачат луѓето:

  • Колку трае сексот на повеќето луѓе?
  • Колку долго треба да трае сексот?

Денешното општество сака да верува дека секој има маратонски секс!

Уште во 2015 година, The Cut објави истражување за тоа колку долго треба да трае сексот. Повеќето од испитаниците изјавиле дека сакаат нивниот идеален секс да трае 30 минути!

Но, според новата анкета, просечниот секс е многу пократок. 4.400 испитаници учествуваа во студијата. Повеќето изјавија дека нивниот секс трае просечно 19 минути, од кои десет минути е предигра.

Додека 23 проценти од анкетираните мажи сметаат дека сексот прерано завршува, само 15 проценти од испитаниците сакаат тоа да трае подолго. Дури 52 проценти од испитаниците веруваат дека 19 минути е совршено време за секс, а 89 проценти барем еднаш имале оргазам за тоа време.

Околу 40 проценти од испитаниците рекле дека тие, како и нивните партнери, имале оргазам во текот на половина од тоа време.

А ние мислиме дека секогаш е различно, повеќе фактори играат улога за тоа колку ќе трае сексот, како на пример од тоа колку сте расположени денес, дали имате некоја болка, самата атмосфера и многу друго.

Сепак не е важно времето туку колку добро уживате во сексот, затоа опуштете се!

3 Shares