Македонец, жртва во терористичките напади во Виена кој се случија вчера!

Вчера во центарот на Виена се случија околу шест терористички напади во исто време.

Повеќе може да погледнете овде > Видео- Пукање во Виена: Вооружени лица во „терористички“ напад убија најмалку 2 лица а повеќе од 15 повредени

Според неофицијални извори и членовите на семејство во село Велешта, Струшко, млад Македонец Н.В. кој бил на возраст од 21 година бил во центарот на Виена во тоа време во угостителски објект.

Н.В. бил излезен со пријателите а во моментот на пукањето бил излезен пред кефулето да пуши цигара, и тогаш се случил немилиот инцидент каде Н.В. бил застрелан и починал на местото на настанот.

Во нападот беа убиени најмалку четири лица а повеќе од 15 се повредени меѓу кои и полицајци.

Обновено:

Австриското МВР потврди – Напаѓачот во Виена е Кујтим Фејзулаи и имал македонско државјанство

1 Shares