Лекарите советуваат: Што да се има во домашната аптека во случај да се заразите со корона

Веќе некое време, на социјалните мрежи и на различни групи се објавуваат разни упатства за тоа што секој од нас треба да има во својата домашна аптека во случај да се заразиме со коронавирус.

Има секакви совети на социјалните мрежи, од разни витамини, лук, лимон или авокадо, до упатства за тоа колку да спиете, како да масирате и колку вода да пиете.

Координацијата на хрватската семејна медицина изјави што треба да се има при рака, а ова се дел од нивните коментари и препораки за тоа што кружи на социјалните мрежи.

1. ПАРАЦЕТАМОЛ – ДА, за намалување на треската. Добро би било да имате деконгестивни капки за нос, системи за плакнење на носот и лекови за кашлица.

2. БЕТАДИН за миење на устата и гаргарање – орално плакнење, употреба на спрејови за нос и капки за очи за да се намали можноста за пренесување од заразено лице на здравствени работници или како превенција за здравствените работници по незаштитена изложеност на позитивен на КОВИД-19 .

Исто така, се испитува терапевтскиот ефект, но сепак не најдовме никакви официјални препораки.

3. ВИТАМИН Ц и Д3 – е првиот антиоксиданс и нема докази за ефикасност во третманот на КОВИД-19, а го нема во официјалните препораки.

Витаминот Д е имуномодулатор. Се претпоставува дека потешки случаи на заболување имало повеќе во земји со помало изложување на сонце и кај луѓе со недостаток на витамин Д.

Постои хипотеза за ефикасност во превенција и терапија на болести, но не се спроведени студии за интервенција, и затоа го нема во официјалните препораки.

4. КОМПЛЕКС Б – е важен за нормалната функција на имунолошкиот систем; се испитува во превенцијата и терапијата на КОВИД-19, но сè уште не е во официјалните препораки.

5. Оксиметар – ДА, би било одлично да го имате за пациенти со ризик од развој на потешки форми на болест затоа што ако сатурацијата е под 94%, особено ако е придружена со зголемено дишење во минута и субјективно чувство на отежнато дишење се индикации за хоспитализација.

6. ВЕЖБИ ЗА ДИШЕЊЕ – Би им препорачале вежби за дишење на сите луѓе кои страдаат од хронични белодробни заболувања и на сите други како техника за ослободување од стрес, со оглед на тоа дека анксиозноста е докажана кај пациентите со ковид-19.

Имајте во предвид дека ова се препораки за домашна аптека, и не се водат како официјални препораки за лечење од ковид-19, препораките за домашна аптека вклучуваат дезинфекциони средства и мерачи за следење на ситурацијата и некој превентивни витамини кој може да се внесуваат и преку храната, пишуваат хрватските лекари.

Доколку имате симптоми на ковид-19, контактирајте го матичниот лекар да ви даде насоки за понатамошно лечење и тестирање.

6 Shares