Кривична пријава против правно лице од Велес – избегнал да плати акциза од 1 Милион Евра

До Основното јавно обвинителство во Велес поднесена е кривична пријава против правно лице со седиште во Велес, и против лице кое било одговорно во правното лице со иницијали Б.А..

Лицето се осомничи, основано, дека сторило кривично дело Избегнување на плаќање акциза.

Се работи за увезен тутун кој бил пуштен во промет а без при тоа да му се плати акциза со вкупен износ од 64.613.703 денари што е повеќе од еден милион денари.

Од Царината информиаат дека:

-Се работи за два увоза на тутун во лист од типот Вирџинија, реализирани од страна на правното лице од Велес во Октомври 2019год, по што увезниот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

-Токму поради огромната штета од нелегалната продажба на необележените тутунски производи во државава, Царинската управа во координација со Министерството за внатрешни работи и други надлежни државни институции, спроведува постојани акции за сузбивање нелегална продажба на тутун у тутунски производи, што ќе продолжи и во иднина, беше кажано во соопштението.

18 Shares