Колку време вирусот останува на облеката и како ја чистите контаминираната облека?

Кога ќе се вратите дома од работа или од продавница, дали веднаш ја фрлате облеката да се измиете за да се заштитите од вирусот корона?

Досега не е спроведено специфично истражување за тоа колку долго вирусот корона може да преживее на облеката, но тоа не значи дека не треба да се биде внимателен. Многу луѓе се чувствуваат побезбедно кога веднаш перат облека што ја носат на јавни места и потенцијално се изложени на вирусот.

Сепак, експертите веруваат дека веројатноста вирусните честички да останат на облеката е навистина мала, особено ако се дистанцирате од другите луѓе. Поважно од фокусирањето на облеката е да ги миете рацете кога ќе се вратите дома.

Истражувањата сугерираат дека вирусот корона не преживува долго на облеката во споредба со тврдите површини, а изложеноста на вирусот на високи температури може да му го скрати животот.

Едно истражување открило дека на собна температура, вирусот корона може да преживее на ткаенина два дена, а на пластика и метал до седум дена. Меѓутоа, кога бил изложен на висока топлина, вирусот станал неактивен во рок од пет минути.

„Ако сте загрижени дека облеката може да била изложена на вирусот корона, најдобриот начин да се ослободите од вирусот е да ја измиете во машина“, вели Џон Сенсаковиќ, директор на одделот за инфективни болести на Медицинскиот центар ЈФК.

Како ја перете облеката за време на пандемија?

Ако ја перете облеката затоа што сте загрижени дека сте биле изложени на вирусот, следете ги овие едноставни совети:

  • Не тресете валкана облека, за да не го растерате вирусот во воздухот
  • Измијте облека со најтопла дозволена вода за тој материјал
  • Размислете за употреба на белило, што може да го инактивира вирусот, доколку го има

Како да се мие облеката кога некој во вашето домаќинство има Ковид-19

Еве неколку совети како да се заштитите:

Чувајте валкани алишта во посебна корпа, наместо да ги комбинирате со облеката на другите членови на семејството. Перете ја облеката на болното лице одделно, следејќи ги горенаведените упатства за миење.

Дезинфицирајте ги рацете откако ќе допрете валкана облека. По отстранувањето алишта, исчистете ја внатрешноста на машината за перење со белило или средство за дезинфекција.

2 Shares