Кои болести ги наследуваме од мајките, а кои од татковците?

Нема да ви биде лесно кога ќе ги добиете овие информации, но барем вашата совест ќе биде мирна

Кога некој ќе ви каже дека сте “плукнати“ на таткото или мајката, можете да му кажете дека прави голема грешка. Сега е познато кој ген се повлекува од мајката, а кој од таткото, па дури и кои болести некои од нив можат да ви ги пренесат.

Иако може да имате добри гени, треба да водите здрав живот затоа што вашите навики, исто така, може да ви предизвикаат болест.

Сепак, еве што е тоа што го наследувате од мајките, а што од татковците.

Пол

Познато е дека за полот на детето одговорен е таткото, бидејќи од мајката, детето може само да наследи Х-хромозом, а од таткото или Х или Y. Меѓутоа, ако таткото има повеќе браќа во неговото семејство, тогаш е поверојатно дека детето ќе биде машко и обратно.

Бидејќи Y хромозомите по својата природа се послаба генетска структура, доаѓаме до фактот дека повеќето момчиња изгледаат како мајки, а за девојчињата веројатноста е поделена.

Квалитетот на забите

Ако таткото има проблеми со здравјето на забите, таа судбина ќе ги погоди и неговите деца.

Интелигенција

Гените одговорни за интелигенција се составени од X хромозоми. Поради ова, синовите, секако, ја наследуваат интелегенцијата од нивната мајка, а кај ќерките, случајот е поделен помеѓу двајцата родители.

Тенденција кон ментални болести

Како што поминуваат годините, квалитетот на спермата паѓа. Поради ова, постарите татковци можат да пренесуваат мутирани гени на нивните деца.

Како резултат на тоа, веројатноста за развој на ментални болести, вклучувајќи биполарно растројство, аутизам, хиперактивност се зголемува.

Исто така, децата чии татковци ги добиле по 45 години, имаат поголем ризик да бидат самоубиствени и да имаат проблеми со учењето.

Без разлика која возраст се, татковците кои имаат проблеми со срцето ги пренесуваат овие болести на нивните синови.

Татковците кои имале проблем со неплодноста, па синовите ги добиле од вештачко оплодување, дефинитивно им го пренесуваат и ним овој проблем.

Тенденција кон хемофилија и аутизам

Постојат болести кои се наследени од мајката, но само машки деца можат да ги добијат. Една од овие болести е хемофилијата. Сепак, бидејќи мајката има два Х-хромозома, а само еден син, обликот на болеста може да биде многу полесен кај него. Ова не е случај кога се пренесува аутизам.

Склоноста кон дебелеење

25 проценти од дебелите луѓе ја наследиле оваа склоност од нивните родители и нив им е потешко да ослабат отколку оние кои не носат таков генетички код.

Оваа тенденција децата ја наследуваат строго од мајката.

Висина

Во 60 до 80 проценти од случаите, висината на луѓето зависи од генетската предиспозиција. Остатокот е производ на слаба исхрана и варење. Во повеќето случаи, колку ќе бидете високи зависи од тоа колку е висок вашиот татко.

Интересно е што помладите деца се пониски од постарите деца.

Бојата на очите

Кафената боја на очите е производ на доминантните гени. Значи, ако еден од родителите има кафени очи (особено таткото), а другиот светли, детето, најверојатно, ќе има кафени очи. Сината и зелената боја се производ на рецесивниот ген, а сината е малку повеќе доминантна.

Образите

Дупчињата на образите, оние што ги имате кога се смеете, се наследуваат во случај ако ги има само еден од родителите.

Кадрава коса

Иако доминантниот ген е одговорен за кадрава коса, тоа не мора да значи дека ако ја имате вие и вашето дете ќе ја има. Иако двајцата родители имаат кадрава коса, доволно е некој од семејството да има права, што може да значи дека и вашето дете ќе има права коса.

13 Shares