Ќе Мора да Пазите што Правите на Instagram – Се Воведува Нова Опција

Инстаграм во вторникот објави дека воведува голема промена која многу корисници чекаа долго време, и ќе биде наречен bully filter.

Улогата на bully filter ќе биде заштита од психичко вознемирување од страна на насилниците кој во пракса оставаат невкусни коментари за слики на корисниците.

Исто така, ќе провери 800 милиони корисници и ќе ги блокира оние со голем број пријавени коментари.

“Овој нов филтер ќе ги крие коментарите кои содржат навреди против физичкиот изглед или карактерот на корисниците, како и закана за животот и здравјето”, напиша извршниот директор Kevin Systrom на неговиот блог и додаде дека филтерот ќе го известува контролниот центар на повторливи проблеми кои ќе може да се санкционираат одредени дејства или да блокираме индивидуални профили.

Во Instagram велат дека нивната цел е да се заштити помладата генерација и лица со јавни профили, бидејќи Инстаграм “првенствено е наменет за вклучување и на радост на споделување на слики” и не сакаат некој да минува низ тешки времиња поради неговите активности на оваа популарна социјална мрежа.

6 Shares