Каква жена! Џенифер Лопез објави видео во кое е целосно гола и ја покажа својата совршена линија

Пејачката го објави видеото на својот Инстаграм и обожавателите шпекулираат дали станува збор за реклама за нејзината козметичка линија или спот за нова песна.

Пејачката Џенифер Лопез им даде на обожавателите малку увид во видеото што требаше да биде клип од нејзиното музичко видео за песната „Наутро“ и со ова видео ја запали фантазијата на многумина.

Имено, таа објави неколку клипови на Инстаграм во кои е целосно гола и тоа видео на Инстаграм има над еден милион и 300 илјади прегледи. На видеото, 51-годишната пејачка не носи ништо друго освен свршенички прстен кој го доби од својот свршеник Алекс Родригез и уште еднаш покажа како часовите и часовите поминати во теретана добро се исплателе за неа.

На објавата, Џенифер не откри во целост за што служи ова видео, па нејзините обожаватели шпекулираат дека можеби станува збор за видео реклама за нејзината нова линија козметика.

Пејачката е во топ форма и редовно вежбаше за време на карантин и едвај чекаше повторно да се отвори нејзината омилена теретана за да вежба со нејзиниот приватен тренер.

Оваа година требаше да се омажи за Родригез, но пандемијата на коронавирус ги наруши овие планови за парот, кој се вери пред една година.

Алекс Родригез ја собори од нозе и тие наскоро се свршија. И покрај сите гласини дека таа изневерува, а која ја рашири неговиот поранешен соиграч Хозе Кансеко, тие сепак се заедно и се фалат со врската на социјалните мрежи. Тој и е голема поддршка, а најмногу и помогна при последната турнеја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

4 Shares