Како да станете привлeчни во креветот и да зрачите со сексуална енергија

Кога повеќе имате секс, повеќе сте привлечни, се ослободуваат феромони, кои што делуваат како афродизијак. Сте забележале ли дека некои воопшто немаат проблеми да најдат партнер за секс, додека други се трудат, но тоа никако не им успева?

Сте се запрашале ли како тоа некои можат да бидат неодоливо привлечни, а покрај друи остануваме ладнокрвни. Која е нивната тајна?

Што се афродизијаци?

Афродизијаците ја потикнуваат желбата за секс и ветуваат врв на сексуална енергија. Ним им се обраќаат луѓето за помош кога им е таа потребна на љубовното подрачје, или ако им треба само додатен поттик. Афродизијаците не значат само интересни (би можеле да речеме дури волшебни) препарати, туку исто така се сосема секојднени работи.

Една од нив е слаткото чоколадо. Без оглед на егзотичноста или секојдневноста на препаратот, факт е дека речиси за секој се дигаат полемики за тоа, колку е навистина учинокот и колку се работи само за психолошки учинок.

А еден од поттикнувачите на сексуалната наслада, за што нема двојба дека делува, е самиот секс. Чоколадото е сладок афродизијак.

Добриот глас далеку се слуша

Угледот од некои мажи направи легенди, кои што, како што се чини, вечно ќе живеат. Угледот е како рекламирање, кое што нас (повеќе или помалку) успешно не уверува дека сакаме една низа работи, па иако на прв поглед не ни делува така. Угледот на неуморен љубовник или љубовница не е единственото нешто кое што влијае на зголемувањето на вашите акции. На фактот некои да имаат секс повеќе влијае биолошкиот фактор. Венчањето исто така може да биде причина за паѓањето на понудите за секс.

Пренесување на сексуална енергија

Можете сигурно за многу свои пријатели да утврдите кога имале секс. Тогаш посебно зрачат и делуваат попривлечно, поопуштено, посамосвесно (поради сексуалната енергија). Човекот кој што има секс произведува повеќе количини на полни феромони.

Тие хемикалии, кои што ги пренесува во околината, ги регистрираат другите луѓе и кај нив предизвикува чувства на возбуденост и желба за секс. Најверојатно феромоните се ито така еден од кривците, што зафатените мажи одеднаш постануваат така привлечни, посебно ако се трудат со жената да забремени, па со тоа почесто имаат секс.

Поради наброениве причини, за жал, се доаѓа до тоа да оние кои што имаат да добијат повеќе, а оние кои што немаат, да останат без.

4 Shares