Како да победите во расправијата?!

Истражувањата во психологијата покажаа дека луѓето не забележуваат логички грешки во одреден аргумент, ако неговиот заклучок го поддржува нивниот став.

Без разлика дали се разговара за Трамп, Брегзит или трета тема, сите сме сретнале луѓе кои немаат конкретно познавање на светските настани, но имаат исклучително сигурен став и цврсто стојат зад своите изјави.

Многу истражувања во последно време ни објаснуваат зошто, пишува Гардијан.

Многумина веруваат дека би можеле да одговорат на прашања од политиката, давајќи многу детали, но во пракса тие се главно нејасни и некохерентни.

Освен што е помалку отколку што мислиме, нашето знаење е крајно селективно: се сеќаваме на фактите што ги поддржуваат нашите ставови и ги забораваме останатите. Политиката создава и конфузија кога станува збор за критичко размислување.

Истражувањата во психологијата покажаа дека луѓето не забележуваат логички грешки во одреден аргумент доколку неговиот заклучок ја поддржува нивната гледна точка. Од друга страна, ако им се претстават докази за спротивното, тие ќе бидат многу покритични кон тој аргумент.

За среќа, истражувањето нуди неколку начини на кои можеме да поттикнеме позначајна дискусија.

Апел до другиот дел од идентитетот – ако тоа не успее порано, свртете се на други елементи на идентитетот на лицето.

Кога фокусот ќе се префрли на такви карактеристики, луѓето стануваат пообјективни и не гледаат на фактите низ идеолошка призма.

Ласкањето засновано врз нечии вредности е суптилнo, но ефикасен начин да се создаде помалку агресивен терен за разговор, бидејќи соговорникот препознава дека може да се предомисли додека останува верен на неговиот идентитет.

Бидете љубезни и нежни – на луѓето им е полесно да прифатат нечии аргументи и објективно да разгледаат проблем доколку сметаат дека соговорникот ги третира со почит.

Во тој случај, ќе им биде многу полесно да прифатат дека не знаат нешто и дека има граници во нивното разбирање за одредена тема. Ако целта на дискусијата е да се смени нечие мислење, а не да се изрази сопствената супериорност, тогаш ова е токму клучниот фактор во вашиот пристап.

Прашајте „како“ наместо „зошто“ – едноставен, но моќен начин да го оспорите нечиј аргумент е да барате повеќе детали. Ако бидат принудени да објаснат како некои од нивните идеи ќе се развиваат чекор по чекор, тогаш тие самите би ја изразиле плиткоста на сопствениот аргумент и би заземале поумерен и скромен став.

Важно е да се нагласи дека самото прашање зошто некој зазел одреден став не е доволно без да се бара објаснување за тоа како тој став се манифестира во пракса.

Пополнете нечија дупка со знаење со привлечна приказна – ако се обидувате да разбиете некое погрешно тврдење, како што е теоријата на заговор на пример, проверете дали вашето објаснување нуди привлечен, кохерентен наратив што ги пополнува празнините во разбирањето на другата личност.

Само да се наведат научни факти не е доволно само по себе.

Презентирајте го проблемот во поинакво светло – нашите верувања и ставови се длабоко вкоренети во поширока и посложена идеологија.

Негирањето на климатската криза, на пример, е поврзано со застапување за слободна трговија, капитализам и опасностите од регулацијата на животната средина.

Последицата е дека еден аспект од нечие верување претставува закана за идеологијата како целина, што автоматски поттикнува емоционално наполнето мотивирано расудување.

Наместо тоа, фокусирајте се на убедување засновано на аргументи што вашиот соговорник може да ги вклопи во нивниот сопствен систем на верување.

Убедете го лицето да земе надворешна перспектива – друга едноставна стратегија за поттикнување на рационално размислување е да се замоли другата личност да заземе позиција на личност од друга земја или култура.

2 Shares