Ја користите секој ден? Ова веројатно не сте го знаеле за микробрановите печки

Со текот на годините, се појави верување дека микробрановите печки се штетни за здравјето, но дали навистина е така?

Малкумина знаат дека микробрановата печка била измислена после Втората светска војна. Многу луѓе ја користат денес за различни цели. Освен тоа што можеме да ја загрееме храната, да го одмрзнеме замрзнатото, да ги стоплиме пијалоците, микробрановата печка исто така служи и за брзо подготвување на колачи во чаша.

Важно е да знаете дека микробранова печка треба да се користи според упатствата. Бидете сигурни да ги користите само садовите кои се наменети за употреба во микробранова печка, порцелан или стакло, но никогаш не користете пластика.

Со загревањето може да се стопи, но ако тоа не се случи, тоа ќе ги ослободи токсичните супстанции во храната што ќе ја консумирате кога ќе се загрее.

Она што може да ве изненади е нерамномерното греење, на пример, пијалокот. Иако може “од прва” да се изгорите, остатокот од пијалокот може да биде ладен.

Ова не е причина да се откажете од користење на микробрановата печка, едноставно измешајте го пијалокот и проверете дали треба уште да се загрее или е доволно. Од истата причина, оставете го и оброкот неколку минути по загревањето да одстои пред консумацијата.

Се разбира, важно е да се има предвид дека во микробрановата печка не ставате ништо од метал, но и алуминиумска фолија, хартија и слично.

Со текот на годините, се појави верување дека микробрановите се штетни за здравјето, но дали навистина е така?

Еве некој факти за микробрановата печка:

  • Микробрановата печка е измислена после втората светска војна.
  • Првата микробранова ја направила компанијата Tappan во 1955год.
  • Првата печка имала две нивоа на греење 500 и 800 вати и цената и била 1295$
  • Во микробранова печка замрзнатата храна се одмрзнува за неколку минути и е спремна за јадење благодарејќи на зрачењето од 2.45 гигахерци.
  • Малку зрачење кај исправните печки може да протече но не е опасно по здравјето на луѓето.
  • За користење на печката мора да се користи стаклен сад или керамички-порцелански
  • Храната приготвена во микробранова печка е безопасна за луѓето, сепак, германски научници кажуваат дека единствено негативно е што печката може да ги намали нутритивните вредности на храната.
  • Микробрановата печка често не го подргрева јадењето рамномерно така што после греењето течноста промешајте ја, а јадењето оставете го неколку минути пред комзумирање.
  • Никако не смеете во микробранова печка да ставите, метал, парички, да сушите алишта, пластика, овошје, прибор за јадење, хартија и слично.
22 Shares