Истражувањето потврди: Среќните парови се со неколку килограми повеќе од другите

Венчаните мажи и жени почесто се пополни од оние кои не се во брак, барем така велат научниците.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Централен Квинсленд покажа дека среќните двојки додаваат неколку килограми повеќе за време на првата година од бракот или заедничкиот живот.

“Среќните двојки се поздрави, но се дебелеат повеќе од оние кои се во несреќни врски. Така покажаа резултатите од истражувањето што го направивме, и уште еднаш ги докажавме наодите од претходните со слични наоди”, рече водителката на истражувањето што опфати повеќе од 15.000 возрасни лица, Стефани Шепе.

Учесниците во истражувањето одговорија на прашања за нивните врски и бракови, навики за јадење и нивната физичка тежина. Среќните парови се поретко пушачи, помалку консумираат брза и нездрава храна и ретко пијат алкохолни пијалоци, во однос на луѓето кои не се во врска.

Која е тајната на зголемувањето на телесната тежина на среќните парови?

“Се чини дека тоа не е прашање на избор на храната, туку во квантитетот. Имено, посреќните парови јадат поголема количина на храна, додека луѓето што живеат сами јадат помалку.

Паровите се порелаксирани и помалку загрижени поради тоа дали ќе се здебелат, бидејќи “не мора да се грижат за нивната линија” за да привлечат некој. Тие веќе го направиле тоа.

Но, експертите препорачуваат паровите да најдат заедничка физичка активност за полесно да топат повеќе калории и поради здравјето, но сепак да ја задржат тежината соодветна за нивните тела”

2 Shares