Исчистете ја и највалканата рерна до совршенство: Одличен и сосема природен начин да направите вашата рерна да свети повторно!

Рерните се вистинска болка. Колку и да се корисни за печење, ги избегнуваме поради нечистотијата, која е толку тешко да се исчисти. Пробајте ја оваа прилично едноставна мешавина.

Иако сè повеќе користиме затворени огноотпорни садови или алуминиумска фолија, неизбежно се појавуваат тврдоглави дамки во рерната. Кога ќе дојде денот кога ќе одлучите да ја исчистите рерната, знаете дека ве чека напорна работа.

Постојат многу средства за чистење рерна. Некои од нив се ефикасни, а други не се толку добри. Но, на сите им е заедничко што содржат тешки хемикалии.

За да избегнете трошење пари на овие средства и користење хемикалии, пробајте едноставна мешавина. Се разбира, вклучени се сода бикарбона и оцет.

Ќе ви требаат: 1 ¼ чаша (250 ml) сода бикарбона, 1/4 чаша оцет, 1 чаша вода, 10 капки есенцијално масло (најдобро за овие цели се оние од портокал и лимон), 1/2 чаша сол и 2 лажици течен сапун за одмастување.

Прво измешајте ги есенцијалните масла со 1/4 чаша вода. Попрскајте ги вратата на рерната и внатрешните sидови со оваа мешавина, но само откако ќе ја загреете рерната на 140С. (внимавајте да не прскате многу со што би се створила течност во рерната)

Исклучете ја рерната.

Сега измешајте 1/4 чаша сол со 1/2 чаша сода бикарбона, а потоа испрскајте го ова место во рерна, во која има тврди дамки од остатоци од храна, и оставете го.

Потоа измешајте 1/4 чаша вода со течен сапун, а потоа нанесете ја оваа смеса на оладените sидови на рерната и оставете ја да отстои преку ноќ.

Следниот ден, измешајте ја преостанатата 1/2 чаша вода со оцет и навлажнете ја целата рерна. Оставете го да дејствува кратко, а потоа избришете и исчистете го добро. Со таа последна мешавина, целата нечистотија треба да исчезне.

2 Shares