Интелигентните луѓе никогаш не го прават ова во врската!

За да опстане љубовната врска, потребни се напори, толеранција и мудрост. Еве како да ги зголемите шансите за опстанок…

1. Не ја анализирајте секоја ситница

Ментално силните луѓе не го анализираат значењето зад секој збор или начинот на другата особа. Трошење на енергијата на такви нешта нема никаква смисла, бидејќи повеќето зборови немаат скриено значење.

2. Не очекувајте партнерот да ве исполни

Зрелиот човек најпрвин се комплетира, а потоа бара некој кој ќе му го разубави својот живот. Многу е важно едно лице да може да ужива во сопственото друштво, односно да не очекува партнерот да го исполни и да го смири, туку сам во себе да го пронајде.

3. Не го споменувајте минатото

Не се враќајте на секоја караница во седмиот век. Избегнувајте непотребно споменување и враќање на минатото со аргумент кој нема никаква врска со тоа.

4. Не барајте узори во другите врски

Зрелите двојки се целосно посветени на себе и на нивниот партнер. Копирањето или фокусирањето на туѓите односи и врски не носи никаква смисла, бидејќи секоја врска е различна и тие се свесни за тоа.

5. Не го омаловажувајте партнерот

Постојаното жалење на партнерот за нешто поврзано со неговата личност е одраз на неговата незрелост. Ако не можете да го прифатите како личност со сите свои доблести и маани, зошто и понатаму останувате со него?

6. Комуницирајте

Ментално силните луѓе комуницираат со другите, без разлика дали односот е добар или лош. Тие не ги избегнуваат разговорите што треба да се направат, туку ги гледаат како можности за подобрување на врската.

9 Shares