Инцидент со заразени од Ковид-19 | Реагирала полицијата

Во петокот околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека во комплекс Клиники “Мајка Тереза” на клиника за пулмологија имало физичка пресметка.

Јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу Т.С (47) и А.Р.(21). При што А.Р. од Скопје пријавила дека е физички нападната на клиниката за пулмологија, по вербалната расправија со вработен во клиниката.

Полицијата излегла на терен, составени се записници за прекршокот и ќе се превземат соодветни мерки за расчистување на случајот.

Инцидентот е настанат затоа што заразени со корона вирусот ковид-19 се обидувале да влезат во Клиниката без да ги почитуваат протоколите за заштита од вирусот, т.е. не носеле маски при влез во објектот и при разговор со медицинскиот персонал.

1 Shares