И тоа го има. Затворска казна за носење танга!

Американските власти решија конечно да и’ стават крај на провокативната проѕирна облека и на сензуалните танги ако премногу се гледаат од панталоните или здолништата.

Жените кои ќе бидат фатени како покажуваат повеќе во иднина би можеле да бидат казнети од 1200 до 5000 долари или да завршат во затвор од три месеци до една година.

Имено, властите на градот Јакима, кој се наоѓа во сојузната држава Вашингтон, донесоа закон со кој проѕирните здолништа и тангите станаа забранети. Со тоа градот се обидува да го спречи навредувањето на јавноста со провокативна облека.

Градоначалникот Дејв Елдер објаснува дека повод за акцијата било отворањето низа барови во кои келнерките на работа биле оскудно облечени.
Во последно време во градот се отворени најмалку три такви бара.

Противниците на ваквиот начин на промовирање кафулиња новиот тренд го нарекоа “секспресо“ и предупредуваат дека сопствениците го злоупотребуваат сексот за продавање кафе.

Градските советници изгласаа закон со пет гласа “за“ и два “против“. Иако забраната е наменета само за кафулињата, со неа ќе бидат погодени и многу други жени.

Жителките на Јакима сметаат дека градските татковци треба да се занимаваат со својата вистинска работа, а не женската долна облека. Една од нив изјави дека градоначалникот се обидува да воведе талибански прописи во градот.

“Општеството кое забранува на крајот завршува како талибанско“, изјави таа за локалните весници. Друга, пак, постави прашање зошто градот не пропише и какви фризури треба да се носат.

Меѓутоа, градоначалникот Елдер, кој воедно е и пастор во црквата, ја брани својата одлука со образложението дека забраната е наменета исклучиво за келнерките.

“Доколку сакате да создадете опкружување во кое може да се случи злосторство“, вели тој “можете да го игнорирате биснизот за возрасни. И тоа е причината зошто мене ми е битно ова.“

Според новиот закон жените кои покажуваат премногу интимни делови можат да завршат во затвор и до 90 дена. Оваа казна се зголемува на една година доколку се покажат пред деца помали од 14 години.

47 Shares