Грицкањето на ноктите зборува многу за вас

Една од најчестите навики на луѓето со чест стрес е грицкањето на ноктите.

Многу луѓе го прават тоа несвесно, во одредени свесни ситуации, што ги доведува рацете на тие луѓе да изгледаат грди на прв поглед, кажуваат експертите.

Но, не е само естетиката, која е негативна, туку е отворен и пат кон крвотокот на разни бактерии, предупредуваат германските лекари. Под ноктите се скриени разни бактерии, како што се салмонела и Ешерихија Коли, кои лесно можат да се внесат во телото од страна на лицата кои грицкаат нокти.

Најчесто, станува збор за автоматска навика која помага да се релаксирате и смирите во стресни ситуации, но исто така може да биде знак за посериозен психолошки проблем. Како што објаснуваат психијатрите, потребата за грицкање на ноктите генерално се однесува на помалку изразено компулсивно однесување или, посериозно, на опсесивно-компулсивно нарушување.

Проблемот настанува кога тоа станува многу честа навика или кога поединецот “ги грицка ноктите до коренот или до крвта”. Тогаш станува збор за симптоми на болеста.

Но, најновите истражувања, објавени во “Journal of Behavior Therapy and Experimental Psychology”, покажаа дека оваа навика не е само индикатор за стрес. Исто така може да биде знак дека станува збор за лице кое е перфекционист.

Водачот на истражувањето, Кирон О`Конор, тврди дека често перфекционистите ги грицкаат ноктите кога тие се во ситуација која не ја замислиле, односно дека ги грицкаат ноктите кога не можат да ги исполнат своите стандардни цели.

3 Shares