Граѓаните Сами Нуделе “Бакшиш” на Судиите а за тоа биле криви Медиумите – Тврди Џолев

Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев тврди дека граѓаните самоволно им нуделе “бакшиш” на судиите а за тоа биле криви медиумите.

Поради погрешна перцепција создадена со текот на годините од страна на медиумите, кај граѓаните имало навика сами да нудат бакшиш на судиите.

Медиумите со своите наслови и пишувања со текот на годините ги навикнале граѓаните да даваат бакшиш за судиите да им завршат некој предмет.

„Јас сметам дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа. Лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш или мито, не само кај мене, туку и кај други колеги. Јас им велам:’Ај ве молам!’ Сметам дека за тоа се виновни и медиумите, пишувајќи постојано дека судиите се корумпирани. Практично ги хранат граѓаните со такви информации и ги учат дека на тој начин треба да ја добијат правдата пред судот“, ги критикуваше претседателот Џолев медиумите на денешната дебата организирана од Антикорупциската комисија, за корупцијата во судството.

Џолев сака да каже дека граѓаните се корумпираните заедно со медиумите несвесно организираат корупција, не?

0 Shares