Големо истражување откри какви мажи ги привлекуваат жените

Истражувачите велат дека типичните машки карактеристики, како што се моќната вилица, сигнализираат здравје и високо ниво на тестостерон, што можеби не е нешто што жените бараат кај партнерот за подолго време

Мажите со брада се поатрактивни од оние без неа. Значи резултатите од студијата тврдат дека 8500 жени морале да го оценат потенцијалот на мажите со брада и без неа, за да им бидат момчиња.

Мажите кои беа оценувани од жените, фотографирани беа како свежо избричени, пет дена по бричење, 10 дена по бричење и четири недели по бричење.

Резултатите беа многу охрабрувачки за брадестите мажи кои ги преферираа сите жени од истражувањето.

Брадата од десет дена доби најдобра оценка кога станува збор за привлечност. Таа беше проследена со “вистинската брада”, а на трето место беше брадата од неколку дена.

Истражувачите велат дека типичните машки карактеристики, како што се моќната вилица, сигнализираат здравје и високо ниво на тестостерон, што можеби не е нешто што жените бараат кај партнерот за подолго време.

Брадата пак се поврзува со возраста на човекот и општествената доминација.

Брадата може да биде попривлечна за жените кога размислуваат за долги врски, бидејќи тие укажуваат на способноста на мажите успешно да се натпреваруваат со другите мажи за ресурси, велат истражувачите.

3 Shares