„Сексот за време на ковид-19 пандемијата може да биде комплициран, особено за оние кои не живеат со својот партнер и чиј партнер е изложен на ризик“, рече Тереза Там.
„Помалку ризична форма на сексуална активност за време на епидемија е онаа што ве вклучува само вас“, додаде таа.
Оние што имаат сексуални односи со ризични партнери, треба „да избегнуваат бакнување, близок контакт лице в лице и да размислат да носат заштитна маска што ќе им ги покрива носот и устата“.
Там исто така вели дека треба да се намали потрошувачката на алкохол и „други супстанции“.
Таа посочува дека тешко дека вирусот ќе се пренесе со сперма или вагинални течности, но советува употреба на кондоми.