Ги откриваме причините зошто е добро да консумирате кафе

Долги години лекарите предупредуваат за штетните последици од редовното консумирање на кафе. Тие посочија како најдобро да се запре оваа навика, или барем да се пие кафе без кофеин.

Сепак, ситуацијата е променета благодарение на бројни неодамнешни истражувања.

Исто како и повеќето билки, кафето е составено од серија хемиски супстанции кои имаат корисен ефект врз различни проблеми.

Нервен систем

Редовното консумирање на кафе го намалува ризикот од срцев удар, депресија, деменција и Паркинсонова болест.

Кардиоваскуларни болести и рак

Кафето исто така го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и помага при губење на тежината. Покрај тоа, го намалува ризикот од развој на одредени видови на рак, вклучувајќи на дебелото црево, простатата, матката, кожата, како и рак на подрачјето на главата и вратот.

Црниот дроб и мускулите

Кафето исто така има позитивни ефекти врз црниот дроб и го намалува ризикот од жолчни камења. Со оглед дека кофеинот ги релаксира мазните мускули околу респираторниот систем, затоа се користи како традиционален лек за астма. Покрај тоа, ефектите на кофеинот врз мускулите можат да им ја зголемат силата и издржливоста.

18 Shares