ГАЛЕРИЈА: Топ 10 неверојатни откритија што никој не може да ги објасни

Историјата е интересна и секогаш е исполнета со мистерии.
Никој од нас нема да живее доволно долго за да ги види сите решени, но секогаш е интересно да се слушнат интересни работи што се кријат под површината.

Птиците Моа

Овие птици не летале и се населиле во Нов Зеланд, а изумреле во 1500-тите. За време на една експедиција, научниците пронашле одлична сочувана канџа од овие престари птици.

Храмот Саксајваман, Перу

Совршено изграден храм, каде што ни најмало парче од хартија не може да помине низ камењата, а секој блок има мазна површина и заоблени ќошиња! Тој бил изграден пред да почне да се користи малтер.

Сончева Порта, Боливија

Се наоѓа во античкиот град Тиванаку. Се верува дека жлебовите на оваа порта имаат астролошко или астрономско значење.

Пештерите Лонгју, Кина

Овие пештери се ископани од човечката рака во пештерско време!

Незавршениот Обелиск, Египет

Обелискот почнал да пука за време додека го правеле, и останал недовршен, но неговата големина е сепак зачудувачка!

Подводниот град Јонагуни, Јапонија

Овој антички комплекс случајно го открил нуркачот Кихачиро Аратеке. Карпите од кои е изграден се стари повеќе од 10 000 години! Прашањето е како примитивните луѓе кои живееле во тоа време можеле да создадат такво нешто?

Мохенџо-Даро, Пакистан

Тајната на овој град со децении ги збунува експертите. Во 1922 година, индискиот археолог Р. Д. Банерџи ги открил овие антички рушевини. Како е уништен овој голем град? Што се случило со неговиот народ? Бројни ископувања не дале никакви одговори.

Ленс о Мидоус, Канада

Населба што ја основале Викинзите пред околу 1.000 години. Тоа докажува дека скандинавските морнари биле во Северна Америка долго пред Колумбо.

Тунелите од камено време

Тие докажуваат дека во камено време луѓето не биле толку заостанати, но вистинската намена на тунелите се уште не е позната.

Џиновски камени топки на Костарика

Овие мистериозни камења се интересни не само поради совршените топчести форми, туку и поради непознатото потекло и намена. Тие биле откриени во 1930 година од страна на работници кои ја чистеле џунглата. Локалните легенди велат дека мистериозните топки содржат скриено злато, но се покажало дека не е така.

36 Shares