ГАЛЕРИЈА: Објавила фотографии од нејзината свадба што никогаш не се случила

Допре до срцата на илјадници и илјадници корисници, кога на Фејсбук објави фотографии од измислена свадба која ја спречила трагедија

Деби Герлах од Аризона допре до срцата на илјадници и илјадници корисници кога објави фотографии од нејзината свадба со вереникот Ренди на Фејсбук. За време на снимањето на фотографиите, Ренди веќе беше мртов, но со Фотошоп беше “вметнат” на истите…

Фотографиите беа објавени истиот ден кога свадбата требаше да се одржи, но 8 месеци пред тоа, Ренди загинал во несреќа. Но, Деби ги објавила фотографиите со причина. Таа напишала писмо – кое го пренесуваме – со важна порака за сите нас.

“Денес требаше да биде најдобриот ден во мојот живот. Денес требаше да се разбудам, да облечам венчаница и да отидам кај човекот од моите соништа”. Денес, пред сите членови на семејството и пријателите, Ренди и јас моравме повторно да ја изразиме нашата взаемна љубов и нашите завети дека ќе ги зачуваме световите во нашите срца.

Денес требаше да биде ден за кој сонував уште од мало девојче. Денес требаше да станам сопруга. Денес требаше да станам г-ѓа Цимерман…”

“Денес, сепак, се будам сама, како и обично секој ден. Денес се разбудив со скршено срце. Денес татко ми нема да ме води до олтарот. Денес нема да го видам лицето на Ренди да дочека да ме види во невестински фустан. Денес нема да ги видам сите наши пријатели и семејства.

Денес нема да се омажам за љубовта на мојот живот. Денес, нема да имам сопруг… ”

“А тоа е затоа што едно лице избра нешто што го промени мојот живот засекогаш, тој избра да НЕ застане на знакот за стопирање, да НЕ да застане кога го видел мојот свршеник кој му приоѓал со својот мотор, туку се обидувал да брза преку улицата…”

“Ве молам, го молам секој кој го чита овој пост, ПАЗЕТЕ НА МОТОРЦИИТЕ, да застанете на знакот СТОП и да возите внимателно, бидејќи никогаш не знаете чиј цел свет е на тој мотоцикл. Ако тоа лице застанеше, ќе се омажев за мојот Ренди, мојот најдобар пријател, љубовта на мојот живот.

Те сакам, Ренди З. Цимерман.”

10 Shares